За првата жена машиновозач во Македонија, Елена Бубало и вежбањето во бременост, педагогот Пецо Ројковски... Што пишувавме неделава?

За првата жена машиновозач во Македонија, Елена Бубало и вежбањето во бременост, педагогот Пецо Ројковски... Што пишувавме неделава?

Елена Бубало крева тегови речиси секој ден во текот на бременоста: „Со поддршка од гинеколозите може да се придонесе за една поздрава генерација на мајки

Не осудувајте ја идната мајка, не мислете дека е себична и дека се грижи само за себе. Напротив, нејзиното психофизичко здравје влијае врз плодот исто како и исхраната. Поддржете ја и не давајте непотребни коментари, порачува Елена Бубало

Се пензионира еден од омилените педагози на учениците, Пецо Ројковски: „Имав шанси да работам во град и да бидам директор, но одбивав зашто им бев посветен на учениците во Новаци“

Не му започнувал работниот ден додека не поминел по сите училници во школото, да види дали некое дете има проблем, да не е нерасположено, да не му се случило нешто, а понекогаш и да ги сподели радостите со нив. На учениците во централното основно училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци не им предаваше, но им беше омилен педагог.

Зорица Божинова, прва жена машиновозач во Македонија: Поминаа 5 години, а сѐ уште чека да ја вработат во „Македонски железници“

Зорица ја засакала железницата уште како мала. Пораснала на железницата со оглед на тоа што нејзиниот татко неколку децении бил вработен во „МЖ Транспорт“. Била едно од оние железничарски деца што немале друг избор за превозно средство освен возот, но и кога се возела, обожавала да се вози во локомотивата.