Што ако сте имале контакт со заразен со коронавирус?

Што ако сте имале контакт со заразен со коронавирус?

Што значи контакт со инфицирано лице и кога ваков контакт се пренесува вирусот? Ова е едно од најчесто поставуваните прашања откако и во земјава беа регистрирани заболени од Ковид-19, а коронавирусот почна да се шири. Проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, објаснува што значи близок контакт, дали има рецепти за да се зголеми имунитетот и така да се намали ризикот од разболување...
- За близок контакт се смета: поминување повеќе од 15 минути лице в лице со инфицирано лице; живеење во ист дом со инфицирано лице. Овој вирус (САРС-КоВ-2) се пренесува преку капков пат и преку уста, со помош на контаминирани раце, предмети (со назофарингеален секрет или измет) - вели професорот.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.