Дали знаете што значи овој сообраќаен знак?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Многумина од нас се сеќаваат на автошколата како низ магла – исто како на времето кога не размислувавме за трошоците за живот. Поголемиот дел од наученото го повторуваме секојдневно во практика: кога возиме автомобил, мотор, камион... Но, можно е и да сме заборавиле нешто. Токму затоа ве прашуваме: Дали знаете што значи овој знак, кој ретко се среќава на нашите патишта, но сепак постои?
Во црвен триаголник е поставен симбол што означува раскрсница на патишта со иста важност. Овој знак предупредува дека пристигнувате на раскрсница каде што мора да ги пропуштите возилата што доаѓаат од вашата десна страна. Значи, кога ќе го забележите овој знак, бидете внимателни бидејќи важи правилото на десна страна.
Правилото на десна страна вели дека на раскрсница со патишта од иста важност, или при сретнување со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што доаѓа од неговата десна страна. Дополнително, според правилото, возачот што врти налево мора да го пропушти возилото што доаѓа од спротивната насока и продолжува право или врти надесно, освен ако со сообраќаен знак не е поинаку означено.
Како и секое правило, и овие имаат исклучоци. Така, на раскрсница или при сретнување со возило што се движи по сообраќај на шини (на пример, трамвај), возачот мора да го пропушти тоа возило без разлика од која страна доаѓа, освен ако со поставен сообраќаен знак не е поинаку определено.
Извор:
N1info.hr
Фото: Hak