Има ли спас за Преспанското Езеро, спречување на булингот, интервју со Казухиро Котецу... Што пишувавме неделава?

Има ли спас за Преспанското Езеро, спречување на булингот, интервју со Казухиро Котецу... Што пишувавме неделава?

Доколку не се спречи булингот, подоцна може да прерасне во мобинг на работното место и насилство во семејството, вели проф. д-р Гордана Ристeвска-Димитровска

Наставник добил шлаканица, соборена служителка, ученик влечен за уво, малтретирано девојче да јаде клекнато на училишните одмори, успешна пијанистка нарекувана лажга, ширење лажни информации за девојчиња дека имаат сексуални односни, дека се сатанистки... низата со примери е долга.

Казухиро Котецу, славејот од Јапонија кој пее на македонски јазик: „Никогаш нема да го заборавам ентузијазмот со кој ми аплаудира македонската публика“


Музиката е неговиот живот. Како оперски пејач во Операта во Токио, имал многубројни настапи низ светот и доаѓал во допир со разни видови музика. Сепак, за неговото срце прираснаа македонските мелодии кои ги пее со толкава музичка и јазична прецизност, што предизвикува силни емоции кај македонскиот народ додека го слушаат. Казухиро Котецу речиси десет години е амбасадор на македонската песна и вино во Јапонија.

Има ли спас за Преспанското Езеро? „Сушата и користењето на водата за наводнување во трите земји се главни причини за намаленото ниво“

Преспанското Езеро од 1996 година е ставено на листата на заштитени подрачја, а намалувањето на водостојот на претставува сериозен проблем.
За тоа каква е состојбата со Преспанско Езеро во моментов и кои се причините, разговаравме со професорот д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет.