Оптичка илузија што збунува многумина: Дали можете да ја решите загатката
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Оптичките илузии не се само забава, туку се вежба за мозокот. Помагаат да го изостриме фокусот, да ги подобриме вештините за решавање проблеми, а притоа нè забавуваат. Една таква загатка е „триаголникот на Каниза“, наменета за деца, но доволно збунувачка дури и за возрасните.
Сите сме се нашле во ситуација кога гледаме нешто и сме убедени дека точно знаеме што е, за миг подоцна да сфатиме дека сме измамени.
Оптичките илузии нè тераат да застанеме и да се запрашаме што навистина гледаме. „Триаголникот на Каниза“ е еден од тие визуелни трикови што продолжуваат да нè збунуваат, дури и кога мислиме дека го имаме решението.

Фото: Jagran Josh
Погледнете ја сликата и одговорете: Колку триаголници гледате?
На прв поглед, се чини дека има три јасни агли, бел простор во средината и совршено чист геометриски облик. Сè изгледа премногу уредно и симетрично. Токму тука почнува илузијата затоа што вашиот мозок има природна тенденција да пополнува празнини и да создава значење од обрасците.
Ако вашиот одговор е еден, два или неколку триаголници, тогаш грешите. Всушност, триаголници воопшто нема. Она што мислите дека го гледате е само визуелен трик – комбинација на V-облици и кружни исечоци кои создаваат претстава на триаголник.
Оваа илузија ја создал италијанскиот психолог Гаетано Каниза во 1955 година. Тој внимателно распоредил три агли во форма на буквата V и три кружни облици слични на „Пакмен“, така што тие сугерираат постоење на бел триаголник што „лебди“ во средината.
Загатките како „триаголникот на Каниза“ нè потсетуваат дека нашата перцепција може да нè излаже. Тие нè тераат да застанеме, да размислиме и да го преиспитаме она што го гледаме, дури и она во што сме сигурни.
Извор:
Klix.ba
Фото: Freepik