Илон Маск предвидува дека за пет години повеќе нема да се користи човечкиот јазик

Илон Маск предвидува дека за пет години повеќе нема да се користи човечкиот јазик

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Илон Маск вели дека технологијата на која работи може да придонесе за пет години да не се користи човечкиот јазик.

На неодамнешен поткаст шефот на „Тесла“ го даде ова предвидување во текот на дискусијата за неговата фирма за невротехнологија „Невралинк“.

Маск рече дека се надева дека неговата компанија ќе може да го поврзи уредот „Невролинк“ со човечкиот мозок, а тоа ќе се реализира во текот на наредната година.

Чипот, кој е на батерии, ќе биде вграден во черепот и неговите електроди ќе бидат многу внимателно вметнати во мозокот.

- Може да биде поврзан со кој било дел од вашиот мозок, така што би можел да биде нешто што ќе помогне во лекувањето на видот. Во принцип, може да поправи речиси сè што не е во ред со мозокот - изјави Маск.

Иако уредите од првата генерација ќе бидат насочени кон помагање при лекување на повреди и нарушувања на мозокот, Маск изјави дека подоцнежните уреди ќе бидат способни за многу повеќе.

- Нема да има потреба од разговор, но би можеле да го практикуваме јазикот од сентиментални причини. Би можеле да комуницирате многу брзо и со многу поголема прецизност. Не сум сигурен што би се случило со јазикот. Во ваква ситуација би било како „Матрикс“. Сакате да зборувате различен јазик? Нема проблем, само преземете ја програмата - вели Маск.

На прашањето колку време ќе биде потребно за неговата компанија да ја развие технологијата, Маск изјави дека би биле потребни пет до десет години ако развојот се забрза.



Извор: The Independent