Македонските математичари со нов рекорд - освоија 6 медали на Балканската олимпијада
На јубилејната 40. Балканска математичка олимпијада, која се одржа во Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали, меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали.
Златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот Дамјан Давков, а бронзените - Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.
Бројот на освоени тимски поени, кој само во 2022 г. беше 118, е уште еднаш надминат и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал.
Уште една радосна вест е што една од задачите што сите учесници ги решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов, соопштија од Сојузот на математичари.