Поради новата верзија на „Андроид“, може да се збогуваме со апликациите

Поради новата верзија на „Андроид“, може да се збогуваме со апликациите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Апликациите за мобилните телефони изгледаа како совршен изум во ерата на паметните телефони. Дали сакате да научите нешто? Преземете апликација. Ви треба помош при вежбањето? Има апликација за тоа. Но, колку повеќе апликации преземате, толку потешко станува користењето на сите нив бидејќи секоја апликација врши само една работа. Со претставувањето на пробната верзија на „Андроид 11“ гледаме дека компанијата „Гугл“ веќе работи на случајот.

Најновата верзија од оперативниот систем има дел наречен „Контроли“ со кој може да користите кредитна картичка, да го отклучите автомобилот или да вклучите светилка без да ја барате соодветната апликација за тоа. Сите овие функции што се поврзани со уреди во домот сега ќе бидат достапни со копче наместо апликација.


Фото: Google

Ален Хуанг, менаџер во „Гугл“, вели дека новата функција била замислена како место на телефонот кое би се користело кога корисникот треба да направи нешто поврзано со физичкиот свет.

- Гледаме на ова како на дигитална верзија на паричникот и клучевите - вели тој.

Дали новите опции на телефоните како оваа еден ден ќе го донесат крајот на апликациите, останува да видиме. Во моментов главната функција на опцијата останува спојувањето на мобилниот телефон со паметните уреди во домот.

Извор: fastcompany.com