Дали би се одлучиле за 14-дневно крстосување, но без застанување на некое пристаниште?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дали би оделе на крстосување со брод кој не запира никаде?
Норвешката линија за крстосување „Хуртигрутен“ се враќа во водите, но со голема промена на маршрутата: бродот нема да запре никаде, а патниците ќе останат на бродот цели две недели.
14-дневното крстосување ќе почне од Хамбург, Германија, и ќе оди до брегот на Норвешка, но бидејќи границите на земјата се делумно затворени од средината на март, бродовите не смеат да застанат на пристаниште.
Патувањата на новиот брод за крстосување „Фридтјоф Нансен“ ќе им понудат на патниците можност да ги видат познатите крајбрежни
фјордови, глечери и планини на Норвешка, бидејќи бродот ќе патува до брегот на Северен Кејп - една од најсеверните точки во Европа.
Фото: Facebook
Дизајниран како експедитивен брод, „Фридтјоф Нансен“ има и мали чамци наречени „Зодијак“ кои служат за истражување, како и кајаци, а портпаролот на компанијата вели дека сите ќе бидат пуштени во употреба во текот на пловидбата.
- Дозволено ни е крстосување со „Зодијак“ и кајакарење - вели портпаролот Руне Томас Еге.
Патниците можат да пливаат и надвор од бродот и да ги посетат крајбрежните фјордови и планински предели.
Еге вели дека околу 160 луѓе се пријавиле за крстосувањето.
Фото: Facebook
Од 15 јули Норвешка треба да дозволи патување без карантин за некои националности, а списокот првично објавен на 10 јули се ажурира на секои две недели. „Хуртигрутен“ вели дека останува флексибилен и ќе ги измени своите маршрути доколку им е дозволено на посетителите да одат на брегот, дури и ако правилата се променат на сред крстосување.
Бродовите за крстосување низ целиот свет беа некои од најголемите жаришта на коронавирусот, а многу меѓународни оператори ги откажаа своите патувања барем до септември, иако некои европски речни крстосувања сега повторно се отворени.
Фото: Instagram