Најфреквентниот аеродром во светот за време на пандемијата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Пандемијата на коронавирусот ја смени листата со најфреквентни аеродроми во светот. Аеродромот кој сега е на врвот изненадува. Станува збор за „Далас-Форт Ворт“ во Тексас, САД. На овој аеродром имало најмногу слетувања и полетувања во светот, иако нивниот број е значително помал во споредба со порано.
На аеродромот имало 12.000 летови во мај, што е помалку од половина од бројот на летови во февруари годинава. Сепак, тоа е повеќе од сите аеродроми во САД и од земјите низ светот во кои има ограничувања на патувањата поради коронавирусот.
Фото: Freepik
„Американ ерлајнс“, една од најголемите авионски компании во светот, управувала поголем дел од летовите на овој аеродром. Во
последните месеци имало послаба побарувачка, а некои линии биле откажани и патниците морале да ги пренасочат своите патувања преку големи центри, како аеродромот во Тексас.
Најфреквентните аеродроми во светот може да се пресметуваат на различни начини, според бројот на патници и број на летови. Најчесто на овие листи се наоѓаат аеродромите во Атланта, Пекинг, Дубаи, Токио, Чикаго и Лондон.
Автор: Лорен Кит
Извор:
lonelyplanet.com