Уникатен воден лавиринт во Канада инспириран од дабарот

Уникатен воден лавиринт во Канада инспириран од дабарот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Низ светот има многу лавиринти изградени за да понудат поинаков вид забава за посетителите. Но, лавиринтот „Еко-Одисе“ во Вејкфилд, Канада, оди чекор понапред. Таму може да патувате низ лавиринт направен од водени канали.



Овој лавиринт бил инспириран од дабарот, кој гради мрежа од подводни канали слични на лавиринт во своето живеалиште. Дабарот се движи низ овие канали во текот на целата година за да бара храна и дрвја за браните што ги гради.




Водениот лавиринт „Еко-Одисе“ им нуди забава и едукација на посетителите, но и поглед на природата од дабарска перспектива. Лавиринтот се завршува за околу два часа. „Еко-Одисе“ нуди и специјална игра во која патниците имаат 60 минути за да решат загатка.

Автор: Томас Мекдоналд
Извор: mtlblog.com Насловна фотографија: Instagram