Твитерџиите полудеа. Симона од Скопје глуми во новиот филм на „Марвел“
Подготвил:
Билjана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Скопјанката Симона Живковска глуми во блокбастерот „Црната вдовица“ на студиото „Марвел“ со Скарлет Јохансон во насловната улога, чија премиера е закажана за 1 мај 2020 година. Веста на својата интеренет-страница ја сподели Identity School of Acting, школа за драма во Обединетото Кралство и во Соединетите Американски Држави.
Твитер-заедницата денеска полуде од коментари и честитки. Симона, родена во Скопје, која повеќе години живее во Лондон, на мајчин јазик им се заблагодари на твитерџиите за поддршката. Таа во моментот е на сет на новиот блокбастер на „Марвел“.
Симона Живковска е родена во Скопје во 1994 година. Има двојно потекло – од Македонија и западноиндиско (Св. Мартин). Во 2001 година се преселила во Велика Британија. Првото телевизиско искуство ѝ било на 17 години во драмата „Моето убиство“ на Би-би-си. Повеќе за нејзината кариера прочитајте
ТУКА.