Малезија ќе гради „зелени“ вештачки острови на кои нема да има автомобили
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Малезија ќе гради три вештачки острови покрај брегот на Пенанг кои ќе бидат одржливи и ќе имаат автономни возила за јавен превоз, како и многу зелени површини.
Секој од островите ќе има облик на воден лилјан, а на него ќе има населби во кои може да живеат по 18.000 жители, плажи, урбани езера, паркови, шуми, културни квартови, технолошки центри и крајбрежје долго 25 километри.
Ова ќе биде површина без автомобили во која секоја населба ќе биде поврзана со мрежа од автономен јавен превоз преку копното, водата и воздухот. На островот ќе се користи
обновлива енергија, а зградите ќе бидат изградени од бамбус и малезиски дрвја, покрај рециклираните материјали.
На проектот работи фирмата „Бјарке Ингелс груп“, која била најмена од локалните власти, а соработува со фирмата „Рамбол“ и група локални архитекти.
Според дизајнерите, целта е да се создаде социјално и економски инклузивно место, притоа заштитувајќи ги богатите природни живеалишта и биодиверзитетот во регионот. Сè уште не се знае кога ќе бидат изградени островите, но проектот е дел од владината иницијатива „Пенанг2030“, која се фокусира на подобрување на економијата и околината во Малезија преку одржливи проекти и развој.
Автор: Саша Брејди
Извор:
lonelyplanet.com
Насловна фотографија: Instagram