Скриените пораки на униформите на стјуардесите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Да се биде стјуардеса е важна и престижна професија. Тие се заштитно лице на авиокомпанијата, а за да го креираат дизајнот на нивните униформи, компаниите ги ангажираат најеминентните дизајнери, како што е Вивиен Вествуд.
Тие создаваат облека што не само што е убава и привлечна, туку крие и тајни. „Брајт сајд“ ги истражуваше пораките скриени на униформите на
стјуардесите.
1. „Ер Франс“, Франција
Фото: Screenshot/YouTube
Традиционалната боја на француската компанија „Ер франс“ е темносина. Компанијата ја користи оваа шема на бои повеќе од 70 години. Но, дизајнерот Кристијан Лакроа додаде светлоцрвен појас и ракавици на униформата за да можат полесно да бидат забележани во толпата.
2. „Чајна истерн ерлајнс“, Кина
Фото: Screenshot/YouTube
Облеката за стјуардесите од компанијата „Чајна истерн ерлајнс“ ја разви Кристијан Лакро. Униформата се базира на идеите за едноставност, убавина и скромност. Црвениот појас и додатоците ја прават униформата пожива. Покрај тоа, шамијата на вратот и тркалезната плоча на ременот имаат традиционални кинески дезени. На овој начин униформата ги комбинира западната мода и источниот идентитет.
3. „Делта ерлајнс“, САД
Фото: Screenshot/YouTube
Униформата на „Делта ерлајнс“ претрпе големи промени со текот на годините. Во 2018 година Зак Розен, дизајнерот кој ја облекува пејачката Ријана, создаде нов дизајн. Тој избра 3 основни бои: виолетова, сива и црвена. Боите имаат смешни имиња кои се поврзани со летање и патување. На пример, тие не се само виолетови и сиви, туку „графит со основите на брзината“
.
4. „Вирџин атлантик“, Велика Британија
Фото: Screenshot/YouTube
Во минатото стјуардесите на „Вирџин атлантик“ носеа прилично широки јакни. Но, дизајнерот Џон Роча претстави потенка силуета и форма на „V“ за да го направи персоналот да изгледа поделовно и порелаксирано.
Подоцна, Вивиен Вествуд ја подобри униформата и ја направи поженствена и поелегантна. Шефот на компанијата вели дека нивните вработени се чувствуваат подобро и работат подобро во добра облека.
5. АНА, Јапонија
Фото: Screenshot/YouTube
Униформата за јапонската авиокомпанија, AНA (Ал нипон ервјес), е развиена од дизајнерот Прабал Гурунг, кој ја обожава Лејди Гага. Костимите со светлосива боја се совршено комбинирани со синото лого на АНА. И светлите шалови со цветни модели покажуваат дека компанијата го почитува јапонското наследство.
6. „Етихад ервејс“, Обединети Арапски Емирати
Фото: Screenshot/YouTube
„Етихад ервејс“ е компанија од ОАЕ, а нејзините марами имаат скриено значење. Тие се симбол на десетгодишна соработка со Формула 1. Дизајнот го разви Дијана фон Фирстенберг.
7. „Чајна ерлајнс“, Кина
Фото: Screenshot/YouTube
Овие униформи за „Чајна ерлајнс“ беа дизајнирани од Вилијам Чанг, кој всушност беше номиниран за „Оскар“ за најдобар костим. Униформата е базирана на националниот кипао фустан што ги покажува нежноста и скромноста на Азијките. Дизајнерот се обиде да ја задржи традицијата и да ги вклучи модерните модни концепти.
8. „Сингапур ерлајнс“, Сингапур
Фото: Screenshot/YouTube
Униформите на стјуардесите на „Сингапур ерлајнс“ не се сменети повеќе од 50 години. Тесното здолниште на прв поглед изгледа непрактично, но има една тајна. Во итни случаи, предниот шлиц им помага на стјуардесите да го врзат здолништето над коленото за да го скратат и да им овозможат полесно движење.
Бојата е исто така важна. Редовните стјуардеси носат сино, постарите се облечени во зелено, а готвачот е облечен во црвено.
Фото: Screenshot/YouTube