КБ Прво ве повикува на забавен и едукативен настан во Градски парк - Скопје на „Школка“ во рамките на кампањата „Замени и засади“

КБ Прво ве повикува на забавен и едукативен настан во Градски парк - Скопје на „Школка“ во рамките на кампањата „Замени и засади“

КБ Прво споделува нешто супер возбудливо само за вас! На 14 септември дојдете во Градски парк - Скопје на „Школка“ и поминете прекрасен ден исполнет со забава, игри и направете и нешто што е добро за нашата планета!

Како дел од кампањата „Замени и засади“, КБ Прво организира забавно-едукативен настан на кој можете да учите, да играте, да се дружите, но и да направите вистинска разлика. Ве очекуваат многу интересни содржини – игри, музички перформанси и различни активности кои ќе ве забавуваат, а истовремено и ќе ви дадат информации за тоа како да бидете еколошки посвесни. Одлична можност за сите од сите возрасти да уживате во еден возбудлив ден додека имате позитивно влијание врз животната околина!

- Идејата е едноставна – заменете го начинот на кој го добивате вашиот извештај за пензиска заштеда и наместо во хартиена форма, добивајте го по електронски пат, а ние ќе засадиме едно дрво во ваша чест. Една мала промена од вас значи една голема промена за нашата планета! - велат од КБ Прво.

- Станува збор за здружување каде што ќе можеме да покажеме дека малите акции можат да имаат големо влијание. Веруваме дека малите промени можат да доведат до големи резултати, а овој настан е доказ за нашата посветеност на општествената одговорност кон заедницата. Со изборот на електронски извештаи, нашите членови не само што го поедноставуваат својот живот, туку играат и клучна улога во зачувувањето на нашите природни ресурси. Досега се засадени 10.000 садници, би сакале оваа година да бидат уште толку - додаваат од Друштвото.

Сите што би сакале да учествуваат во создавање подобра животна средина се поканети да се приклучат на настанот на 14 септември, во 11 часот, во Градски парк - Скопје на „Школка“ и да станат дел од заложбата за зелена иднина!

*Настанот е од јавен карактер и подлежи на фотографирање и снимање. Материјалите ќе се користат за промотивни активности на КБ Прво пензиско друштво и објава на социјалните мрежи, веб-страницата на Друштвото или преку други медиуми.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.02/32 24 229

(Комерцијална објава)