Краток филм покажува како општеството ја уништува нашата креативност
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Како што растеме и влегуваме во реалниот свет, имаме тенденција да забораваме на малите нешта што нè радуваа кога бевме помлади. Како што минуваат годините, општеството нè учи да ја потиснуваме креативната искра што нè прави посебни наместо да ја прифатиме. Краткиот анимиран филм „Сличен“ нагласува како општеството ја умртвува нашата креативност. Иако нема многу зборови во текот на целиот филм што трае 7 минути, пораката е јасна и гласна.
Користејќи различни бои, креаторите на овој филм ги истакнуваат чувствата на луѓето и ни покажуваат како современото општество влијае на квалитетот на нашите животи. Во суштина, колку побледа станува личноста, толку е помалку среќна, слично како што ги чувствуваме и толкуваме емоциите во реалниот живот.
Овој краток филм исто така покажува како луѓето можат да ги променат своите бои и да го променат животот на подобро со тоа што ќе поминуваат повеќе време на малите работи што им носат среќа и радост, наместо да работат напорно за да ги достигнат стандардите поставени од современите општества.
Кога и да се обиде детето да стапи во контакт со неговата креативна страна, тоа е постојано потсетувано дека не треба да обрнува внимание на неговата креативност и треба да ги следи само правилата утврдени од општеството. За жал, ова е начинот на кој се третираат повеќето креативни мислители во овој свет, а оние кои се обидуваат да ги следат своите соништа се сметаат за чудни.
Фото: Alike Short Film
Како и повеќето татковци, неговиот татко се обидува да го научи својот син кои се вистинските вредности во животот. И покрај тоа што таткото се обидува да го научи синот, на крајот тој завршува учејќи важна лекција во животот.
Приказната на филмот се обидува да истакне дека следењето на правилата и патот поставени од општеството не секогаш носат среќа. Дури и ако правилата треба да се следат, не треба да заборавиме да создадеме простор за други работи што носат радост во нашите животи.
Она што повеќето од нас не успеваат да го сфатат е дека прифаќањето необични, чудни работи што се дел од нас е доста важно. Затоа, следете ја вашата страс, не се откажувајте од соништата и правете го она што го сакате.
Инспириран од сопственото искуство како татковци, режисерите на филмот, Даниел Мартинез Лара и Рафа Кано Мендез, одлучиле да го започнат нивното 4-годишно патување на напорна работа со цел да го создадат овој филм. Нивната цел беше да покажат дека иако секогаш го сакаме она што е најдобро за нашите деца, понекогаш правиме грешки.
Филмот ни покажува дека не треба да ги учиме децата да ја потиснат нивната креативност, туку треба да ги охрабриме да ги прифатат своите уникатности и да им дозволиме да создадат свое патување во животот.