Овој град воведе четиридневна работна недела

Овој град воведе четиридневна работна недела

Подготвил: Тамара Гроздановски

Властите на Одшеред, град во Данска, воведоа четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација.

Околу 300 вработени во општината Одшеред, отсега можат и петок да го користат како слободен ден.

Кирстен Лунд Марквардсен од општинската администрација, изјави дека после долги разговори со претставниците на градските власти, одлучиле идејата за четиринеделна работна недела, конечно да ја спроведат на дело. Таа додаде дека сите веруваат дека на овој начин дополнително ќе се мотивираат вработените да им даваат уште поквалитетни услуги на граѓаните.

- Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што имаат уште еден ден за одмор - изјави Марквардсен, додавајќи дека општинските службеници отсега ќе работат 35 часа неделно. Инаку, стандардната работна недела во Данска трае околу 37,5 часа.

Државните службеници вработени во општината се воодушевени со новиот начин на работа, додавајќи дека се пресреќни што сега имаат три слободни дена за активности дома и во приватниот живот.

Одшеред е полуостров на северозападниот дел на острово Зеланд во Данска. Оддалечен е околу 100 километри западно од Копенхаген. Во градот живеат околу 33.200 жители.