Промоција на книга на Влада Урошевиќ на фестивалот „Букстар“
Со гостувања на девет авторски имиња, од кои осум од странство, денеска ќе започне седмото издание на фестивалот на европската литература „Букстар“, кој до 15 октомври ќе се одржува во Младинскиот културен центар. Меѓу имињата од литературниот свет што ќе гостуваат се Влада Урошевиќ, Катарина Винклер, Огнен Спахиќ од Црна Гора, Баслор Хоџа од Косово, Сјон од Исланд, Марина Вујчиќ и Михаела Гашпар од Хрватска, Софија Лундберј од Шведска и Миодраг Мајиќ од Србија.
Академикот Влада Урошевиќ, вечерва во 21 часот, во рамките на Фестивалот ќе ја промовира книгата „Viola arsenica; белешки за поезијата“. Станува збор за книга во која авторот ги искажува своите сфаќања за поезијата и поетската уметност, а се состои од извадоци од негови есеи, разговори, интервјуа, говори, автобиографски текстови, поговори.
Наградата „Букстар 2021“, пак, ќе му биде доделена на Миодраг Мајиќ од Србија за книгата „Островот на пеликаните“.
фото: Unsplash