Фабриката на „Римац“ отворена за јавноста
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Доколку сакате одблизу да погледнете како изгледа фабриката за автомобили на хрватската компанија „Римац“, тоа сега е возможно и за оние што не се вработени таму.
Гости може да ја разгледаат фабриката во Загреб, а посетата е замислена како туристичка тура. Ова искуство чини 30 евра по лице, а студентите и лицата помлади од 18 години може да ја видат фабриката за само 10 евра. Во рамките на турата добивате и водич кој зборува хрватски и англиски јазик.
Посетителите дознаваат за историјата на компанијата, ги гледаат погоните за производство на батерии и составување автомобили, но и гаражата. Во цената не е вклучено пробно возење на автомобил.
Турите се организираат во понеделник и во четврток, во 10 или 13 часот.
Извор:
Green
Насловна фотографија:
Rimac