Колку време треба да вежбате за резултатите да бидат видливи?

Колку време треба да вежбате за резултатите да бидат видливи?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Патот до вита линија вклучува неколку клучни чекори. Еден од нив е да вежбате за да постигнете резултати. Но, колку физичка активност е доволна за да се видат резултати?

Вежбањето подолг временски период заедно со калориски дефицит е најефективниот начин за согорување на калориите. Важно е да се напомене дека резултатите и физичкото подобрување најмногу зависат од вашите цели и вашата доследност во исхраната и активноста, а клучно е трпението.

- За значително губење маснотии, потребни се неколку месеци за да се забележи напредок, иако некои може да видат резултати за само две недели. За подобрена дефиниција на мускулите, може да бидат потребни еден до два месеца за да се видат резултатите. Како општо правило, треба да видите мали, но забележливи промени во првите четири до шест недели, но долгорочно, значително губење на тежината ќе потрае неколку месеци - објаснува тренерот Џош Јорк.

Кога го следите вашиот напредок, не е потребно само да го следите бројот на вагата. Гледајте и како ви стои облеката, но и енергијата, нивото на стрес и силата.

- Понекогаш можете да изгубите маснотии и да добиете мускули, што може да значи дека изгледате и се чувствувате послаби, дури и ако вагата не покажува многу промени - вели консултантот за исхрана и вежбање Крис Мор, кој советува комбинација на тренинг за сила со кардиоваскуларен тренинг.

Тренингот за сила ви помага да изградите чисти мускули кои согоруваат повеќе калории отколку сало и ве одржуваат силни и отпорни. Кога станува збор за кардио, треба да се одлучите за вежби како пешачење, возење велосипед, трчање, брзо одење и пливање.

- Трикот е да изберете вежби во кои уживате и кои можете да ги следите со текот на времето - нагласува Мор.

Исто така, експертите препорачуваат интервални тренинзи со висок интензитет (HIIT) за да постигнете најефикасни и најбрзи резултати за слабеење. Почетниците треба да започнат со две до три HIIT сесии неделно и постепено да се движат од четири до пет неделно.

Ако сакате да изгубите тежина, обидете се да вежбате пет дена во неделата. Како што беше напоменато и претходно, ако сте почетник, ќе треба да започнете со помал интензитет.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik