Ова овошје го намалува ризикот од деменција
Деменцијата и Алцхајмеровата болест се сè почести кај постарата популација, а станува збор за оштетување на меморијата, но и за други интелектуални способности и карактеристики. Експерт открил дека јадењето едно овошје може да помогне да се намали ризикот од деменција.
Според докторот Емер Мексвини, консумирањето повеќе боровинки може да ги подобри вашите способности за меморија. Се смета дека половина шолја дневно помага за здравјето на мозокот.
- Боровинките се богати со антиоксиданси, особено антоцијани, кои помагаат да се намалат оксидативниот стрес и воспалението - два фактори поврзани со когнитивното опаѓање - објаснил докторот.
Редовното внесување боровинки во исхраната придонесува за подобрена функција на мозокот, задржување на меморијата и намалување на ризикот од болести поврзани со возраста, како што е деменција. Ова не е првпат боровинките да се поврзат со помал ризик од деменција, а студијата на Универзитетот во Синсинати открила дека јадењето бобинки во педесеттите години помага за зачувување на меморијата. Научниците испитале 33 луѓе во педесеттите години и на половина од испитаниците им дале кесичка боровинки. Тестираните лица покажале значително подобрување во мемориските вештини по консумирањето на ова овошје.
Докторот препорачува и намалена консумација на алкохолни пијалаци, на тој начин што наизменично треба да пиете алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Извор: net.hr
Фото: Freepik