Вештачката интелигенција може целосно да ги надмине CAPTCHA тестовите
Според резултатите објавени во нов научен труд, научници создале бот со вештачка интелигенција способен да ги победи тестовите CAPTCHA базирани на слики 100 отсто од времето.
Корисниците на интернет се запознаени со тестовите CAPTCHA базирани на слики (целосно автоматизиран јавен Тјуринг тест за да се разликуваат компјутерите и луѓето), кои прикажуваат мрежа од слики и бараат од корисникот да избере полиња со предмети како што се мотоцикли или семафори. Овие тестови се безбедносна мерка која помага да се спречат напади од спам и бот, со тоа што се потврдува дека корисникот е човек.
Благодарение на развојот на технологијата за вештачка интелигенција, докторандот Андреас Плеснер и неговите колеги од Универзитетот „ЕТХ Цирих“ во Швајцарија создадоа модел способен да го победи системот „ReCAPTCHA v2“ на „Гугл“ секојпат.
Научниците го обучиле моделот на 14.000 означени слики за да може да ги научи предметите што веројатно ќе се појават во тестовите CAPTCHA. Моделот може да идентификува слики од мотоцикл 69 отсто од времето, но за хидрантите точноста била 100 отсто. Како и да е, моделот можел да го помине тестот секогаш кога добивал повеќе предизвици.
-Во извесна смисла, добар CAPTCHA тест ја означува точната граница помеѓу најинтелигентната машина и најмалку интелигентниот човек. Како што моделите за машинско учење се приближуваат до човечките способности, пронаоѓањето добри CAPTCHA тестови стана потешко - пишуваат авторите.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik