Како свежо меленото кафе го подобрува вашето здравје?
Дебатата за здравствените ефекти на кафето трае со години, а аргументите постојано се менуваат поради секојдневните нови научни студии кои истражуваат дали кафето е добро или лошо, дали треба да се пие во големи количини или само една шолја, со шеќер или без. Сепак, скоро сите експерти се согласуваат дека свежо меленото кафе е најдобриот можен избор, од повеќе причини.
Какво и да го пиете кафето, можете да бидете сигурни во една работа: тоа е поздраво за вас од скоро било кој засладен или газиран пијалак. Но, количината, начинот и типот на кафето кое го пиете прават голема разлика во поглед на здравјето, а доколку ја најдете совршената комбинација, набрзо ќе ги почувствувате придобивките од неа.
Дали некогаш се прашувате како вашиот колега успева да испие неколку шолји инстант кафе додека вие едвај ја довршувате утринската шолја свежо мелено кафе? Одговорот лежи во нивото на кофеин, кој е далеку поконцентриран во свежо меленото кафе. Една шолја инстант кафе содржи околу 60-80 мг кофеин, додека во шолја свежо мелено може да се најде до 120 мг кофеин и поради тоа ефектот е многу посилен. Кофеинот ја подобрува психичката и когнитивната активност, ве одржува будни и концентрирани, а помага и во одржување на енергијата во текот на денот. Совршената дневна доза на кофеин за некого се наоѓа во една, а за некого во три шолји кафе, па поради тоа варира и количината на кафе што треба да ја пиете секој ден за најголем бенефит.
Кофеинот го стимулира нервниот систем и им сигнализира на масните клетки да топат калории, па затоа тој може да се најде во скоро сите суплементи за топење масти. Притоа, кофеинот го покачува нивото на епинефрин (адреналин) во крвта, со што го подготвува телото за напорна физичка активност, а тоа го прави кафето совршена состојка за сите оние кои редовно вежбаат. Според истражувањата, кафето го подобрува физичкиот перформанс за околу 12% и затоа докторите препорачуваат чаша црно свежо мелено кафе пред секое вежбање во теретана.
Самиот кофеин активира невротрансмитери, како серотонин и допамин, кои можат да го контролираат расположението. На овој начин, кафето силно влијае на психичкото здравје и посебно помага за намалување на симптомите на депресијата – една од најголемите закани на 21 век.
Научниците советуваат дека умереното консумирање на свежо мелено кафе (помалку од четири шолји дневно) може да го намали ризикот од дијабетес за дури 25% и значително го отстранува ризикот од развивање на Алцхајмерова болест. Исто така, научно истражување кое траеше 13 години докажа дека луѓето кои секојдневно пијат кафе имаат подобро и поздраво срце, а притоа ризикот од срцеви болести кај нив е 20% помал.
Бидејќи Grand кафе ги знае придобивките од свежо меленото кафе и се грижи за здравјето на потрошувачите, на пазарот го нуди само најквалитетното кафе, кое од неодамна доаѓа спакувано во нова амбалажа. Тајната на совршеното свежо мелено кафе лежи во знаењето, вниманието и времето кое Grand кафе го посветува во процесот на производство, а добро познатиот мирис и вкус го збогатуваат денот на преку 2 милиони домаќинства во регионот.
(комерцијална објава)