„Дизни“ објави емотивна божиќна реклама за хуманитарни цели
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Најновата божиќна реклама на „Дизни“ веќе расплака илјадници луѓе низ светот. Триминутната реклама беше објавена неделава и во неа се истакнува важноста на зачувувањето на семејните традиции.
Ова е прва божиќна реклама на „Дизни“, открива компанијата на својата официјална веб-страница. Компанијата соработува со фондацијата за деца „Мејк а виш“, на која ќе ѝ донира 25% од приходите од продажбата на играчката Мики Маус.
Автор: Неринга Утариате
Извор:
boredpanda.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube