Пронајден е континентот Арголенд, кој исчезнал пред 115 милиони години
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Континентот Арголенд исчезнал откако се одвоил од Австралија пред 155 милиони години, а сега конечно е пронајден, според ново истражување. Кога се расцепуваат, континентите обично оставаат траги, но досега научниците не можеле да го лоцираат Арголенд.
Истражувачи од Универзитетот во Утрехт, Холандија, мислат дека знаат каде се наоѓа изгубениот континент. Според нив, тој се крие под источните острови во Југоисточна Азија. Ова може да го потврдува постоењето на замислена граница која ги одвојува животинските видови во Југоисточна Азија и Австралија.
Научниците стигнале до заклучокот за локацијата на изгубениот континент врз основа на претпоставка дека тој дополнително се поделил на повеќе дела, а не се издвоил како целина. Според нивната хипотеза, Арголенд не исчезнал, туку преживеал во делови под островите источно од Индонезија.
Била направена и симулација на движењето на континентот по неговото одвојување од Австралија.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay