Времето што ви е потребно за да заспиете ја открива вашата здравствена состојба

Времето што ви е потребно за да заспиете ја открива вашата здравствена состојба

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Спиењето е неопходно за човечкото тело, а лекарите често укажуваат дека на човекот му требаат околу осум часа сон секој ден. Меѓутоа, ако ви треба долго време за да заспиете, ова може да го намали времето на спиење и да влијае врз вашето здравје.

Според лекарот за интензивна нега Бред Рапер, нормално е да ви треба малку време за да заспиете, но времето потребно за да заспиете може да открие повеќе за вашето здравје. Со текот на времето недостигот на сон може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми, како што се дебелина, висок крвен притисок, дијабетес, срцеви заболувања и депресија.

Рапер наведува дека вообичаено се потребни меѓу 10 и 20 минути за здрав возрасен да заспие. Ако ви треба помалку време за да заспиете, тоа може да биде знак дека сте премногу уморни. Најчеста причина е општ недостиг на сон, но исто така може да биде знак за некои нарушувања како нарколепсија или нарушување на деноноќниот ритам.

Од друга страна, ако ви требаат повеќе од 20 минути за да заспиете, може да страдате од несоница, која најчесто е предизвикана од стрес, анксиозност или депресија, а во некои случаи може да биде нарушување на спиењето.

Важно е да се истакне дека одредени лекови, исто така, можат да го продолжат времето потребно за заспивање, како што се стимулативните лекови и антидепресивите кои не се смирувачки.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik