Метеорскиот дожд „Геминиди“ го исполни небото со ѕвезди што паѓаат
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Мигел Кларо е професионален фотограф и автор со седиште во Лисабон, Португалија, кој создава спектакуларни слики од ноќното небо. Тој е фотоамбасадор на европската јужна опсерваторија и член на „Светот во ноќта“, како и официјален астрофотограф на резерватот „Темно небо Алкева“.
На последните негови фотографии е претставен метеорскиот дожд „Геминиди“. Сликите се направени од резерватот „Темно небо Алкева“ во Португалија.
Метеорите беа фотографирани од различни камери поставени во текот на две последователни ноќи за време на метеорскиот дожд „Геминиди“ во 2023 година. Фотографот успеа да фати повеќе од 100 метеори.
Извор:
Space.com
Фото: Miguel Claro