Објавена листа со најмоќните луѓе во Европа - на прво место е жена

Објавена листа со најмоќните луѓе во Европа - на прво место е жена

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Веб-страницата „Политико“ објави листа со најмоќните луѓе во Европа на која се најдоа 28 имиња. Италијанската премиерка Џорџа Мелони е прогласена за најмоќна личност на континентот.

За помалку од една деценија, лидерката на десничарската партија „Браќата на Италија“ од ултранационалистички политичар стана премиер на Италија и стана личност со која Брисел и Вашингтон можат да соработуваат.

Од ултранационализам до европската сцена


Мелони - која ја започна својата кариера како активист во младинското крило на неофашистичкото италијанско социјално движење и го нарече диктаторот Бенито Мусолини „добар политичар кој направи сѐ за доброто на Италија“ - останува лидер на бранот што ја движи европската политика надесно.

Од нејзиниот избор во 2022 година, премиерката Мелони спроведува политики поврзани со миграцијата и правата на ЛГБТК+ заедницата. Реакциите на лидерите на Европската Унија варираат од рамнодушност до поддршка, додека многумина ја гледаат како претставник на порадикалното движење кое цвета на двете страни на Атлантикот.

Стабилна влада во политички нестабилна Италија

Иако многумина очекуваа дека нејзината владејачка коалиција на десничарски партии наскоро ќе доживее внатрешни поделби, Мелони успеа да консолидира една од најстабилните влади во повоена Италија во последните две години. Додека Италија останува оптоварена со национален долг од 137 отсто од БДП, политичката стабилност привлекува странски инвеститори. Внимателно уредениот јавен настап на Мелони придонесува за имиџ на стабилност. Еден од најнезаборавните моменти беше кога претседателот на регионот Кампанија, Винченцо де Лука, на предизборен митинг ја нарече премиерката „кучка“. Мелони му одговори на настан во неговиот регион: „Претседателе Де Лука, јас сум таа кучка, Мелони. Како сте?“ Снимката од овој разговор брзо стана вирална во Италија, зацврстувајќи го нејзиниот имиџ како непоколеблива политичка „алфа“.

Листа со најмоќните луѓе во Европа

Покрај Џорџа Мелони, на листата се и:

Урсула фон дер Лајен
Владимир Путин
Доналд Туск
Надија Калвино
Пјотр Серафин
Рејчел Ривс
Стефани Рисо
Антонио Коста
Сабине Вајанд
Фридрих Мерц
Тереза ​​Рибера
Рафал Цашковски
Марин Ле Пен
Рафаел Фито
Петер Маџар
Херберт Кикл
Захра Вагенкнехт
Удо Золеис
Марк Рут
Андриј Јермак
Каја Калас
Виктор Орбан
Армин Папаргер
Радослав Сикорски
Папата Франциско
Педро Санчез
Артур Менш

Извор: bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube