Лоши навики: Каде грешиме откако ќе се разбудиме?

Лоши навики: Каде грешиме откако ќе се разбудиме?

Подготвил: Б.Б.

Најверојатно секојдневно правиме еден тон грешки кои можат да ни ги попречат среќата и продуктивноста. Добрата вест е што има надеж да си помогнеме. Ви споделуваме листа со позитивни навики кои ќе ја изведат подобрата верзија од вас.

6.30 – Одложеното будење или т.н. „снуз“ аларм е лоша идеја

Навистина нема послатко нешто од некоја дополнителна минута сон меѓу два аларми. Но, стручњаците велат дека одложеното будење со помош на snooze опција е лоша идеја, бидејќи влегувате во спијачки круг што не ќе можете да го заокружите, па се будите „гроги“, наместо свежи. Препораката е да оцените колку часови сон ви се доволни и да се држите до исполнување на тоа количество.  

7.00 – Заборавете на утринска имеил гимнастика

Ако спиете со мобилниот покрај вас, најверојатно прво ќе посегнете по листање на „влезното“ сандаче на вашата електронска пошта. Стручњаците советуваат оваа навика да ја поместите барем еден час после бидењето.

7.45 – Сè уште е рано за кафе!

Ако мислите дека не функционирате без раноутринско кафе – помислете уште еднаш. Телото природно, меѓу осум и девет часот наутро, произведува поголемо количество од стрес хормонот, кортизол, што ја регулира енергијата. Така што, најдобро време за конзумирање кафе за повеќето луѓе е после 9.30 часот.

8.00 – Време е за појадок 

Првиот оброк во денот го „размрдува“ метаболизмот и го дополнува нивото на шеќер во крвта, зголемувајќи ја вашата продуктивност за остатокот од денот. Идеално би било во исхраната да вклучите житарици кои се полни со влакна и протеинско смуди.

9.45 – Одамна требаше да сте на работа ова време!   

Работниците кои доцнат на работното место добиваат пониски оцени од страна на нивните работодавци, кои сметаат дека ваквата практика е показ за помала перформативност. Затоа, обидете се да доаѓате навреме на работа.  

9.50 – Зафатете се со потешките работни задачи

Оваа стратегија, некои луѓе ја нарекуваат „изеди ја жабата“, согласно една позната мисла од Марк Твен: „Прво изеди жива жаба наутро и ништо лошо нема да ти се случи до крајот на денот“. Затоа, прво средете ги потешките обврски, бидејќи не знаете што можат да ви натоварат следно.

budenje
Фото: Pixabay

11.00 – Не е баш погодно време за чистење на „сандачето“

Ако сте од оној тип на луѓе кои сакаат да им е уредно во нивниот „онлајн“ дом за да се чувствувате спокојни, тогаш во ред. Но, мора да правите селекција по приоритетност на одговарање на пораките. Времето и енергијата посветени на секоја порака можат да се искористат за завршување на некои други задачи.

12.30 – Јадете го ручекот на раат и понастрана од компјутерот 

Прво – може да биде непристојно.
Второ – заедничкиот ручек со колегите ги зацврстува односите и ги подобрува перформансите.
Трето – паузата е многу важна за обновување на енергијата за работа.

13.30 – Музиката можеби ви одмага

Додека мислите дека се чувствувате попродуктивни слушајќи музика, можеби се лажете. Истражувањата покажуваат дека речиси во секој случај, извршувањето на интелектуална задача страда со вклучена музика во работата. Исклучок е кај задачите кои се механички и монотони, кога музиката има позитивен ефект.   

17.30 – На телото му треба размрдување

Доколку ги одложите пижамите и телевизорот и ова време отидете во фитнес сала, телото ќе ви биде благодарно. Физичката активност ги убива анксиозноста, депресијата и сите потенцијални болести од стресното живеење.

20.30 – Доцна е за вечера

Доцните оброци можат негативно да влијаат врз квалитетот на сонот и секако врз телесната тежина. Генерално, со храната треба да застанете три часа пред да отидете на спиење. Доколку почувствувате глад доцна во ноќта, треба да се обидете појадокот да ви биде покалоричен, за да ве држи сити подолго време во денот.

21.00 – Не се препорачува дремење на социјалните мрежи

„Пасивното“ користење Фејсбук (или други социјални мрежи) после работно време и особено доцна навечер, го влошува расположението. Затоа, чувството дека „скролањето“ низ Фејсбук и сличните нè релаксира, всушност претставува привид.

23.00 – Не повторно имеилот!

Користењето каков било тип дигитална технологија во време непосредно пред заспивање, сериозно влијае врз квалитетот на сонот. Сината светлина од екранот на уредот учествува во поттикнувањето на хормонот мелатонин, што ќе ви го отежне заспивањето.