Снегот во Шпанија не се топи на оган. За каков феномен станува збор?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Обилните снежни врнежи што ги донесе бурата „Филомена“ ја погодија Шпанија минатата недела, што доведе до откажување на летовите и затворање на патиштата, а најмалку четири лица загинаа.
Експертите велат дека ова е најсилната бура во последните 50 години. Големата количина на снег натера некои луѓе да веруваат дека бурата не е од природно потекло.
Една жена од
Шпанија тврди дека снегот што го донесе невремето не е вистински снег. На видеоснимката што кружи на интернет жената зема снег од балконот, прави топка и ја загрева со полесен пламен, покажувајќи дека снегот не се топи, туку станува црн. Според неа, изгорената супстанција мириса на чиста пластика.
- Како што можете да видите, не се топи, без оглед на тоа колку ќе му го приближам пламенот. И мириса на изгорена пластика - вели жената.
Многу корисници на социјалните мрежи ѝ се потсмеваа на коментарите, а голем број луѓе го објаснија феноменот. Биологот Алваро Бајано на својот твитер-профил ја објасни појавата: станува збор за нормална реакција бидејќи најголемиот дел од топлината насочена кон снежната топка се прераспределува на целиот нејзин волумен.
Мирисот на „пластика“ потекнува од нечистотиите во гасот од запалката, а „црниот“ снег се појавува поради процесот на хемиска сублимација, кога материјата се претвора од цврста состојба во гас, заобиколувајќи ја фазата на течна состојба.
Извор:
B92,
Galttimes
Фото:
Instagram