Новооткриена белешка од Мартин Лутер Кинг за значењето на љубовта
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Понекогаш едноставните реченици може да имаат поголемо значење од најголемите говори. Една моќна порака напишана од страна на Мартин Лутер Кинг, која била пронајдена неодамна, го докажува тоа.
Рачно напишаната белешка во моментов се продава за 42.000 американски долари. Станува збор за реткост бидејќи не постојат многу материјали со ракописот на Кинг. Освен тоа, белешката ја покажува филозофијата според која живеел Кинг, што ја прави уште повредна. Белешката била наменета за некој што го прашал Кинг за значењето на љубовта.
„Љубовта е најголемата сила во универзумот. Таа е срцебиењето на моралниот космос. Оној што љуби е дел од битието на Господ“, гласи белешката.
Фото: CNN.com
Се верува дека Кинг ја напишал белешката во средината на 60-тите години. Таа била пронајдена во Англија, а подоцна била потврдена и нејзината оригиналност.
Извор:
upworthy