Големи земји што всушност не се класифицираат како држави

Големи земји што всушност не се класифицираат како држави

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Не е лесно да се биде држава, особено не по конвенцијата од Монтевидео во 1933 година која вели дека секоја држава мора да исполнува барем четири критериуми: треба да биде проширена на одредена територија, да има трајно население, да има влада и таа влада да биде способна да има интеракција со други држави. Иако не звучат строго, сепак, критериумите дисквалификуваат многу земји што мислиме дека се држави.

Обединетите нации официјално признаваат 193 држави како нивни членки. Од преостанатите се издвојуваат некои што навистина изненадуваат.

Бермуди

Ако сте на одмор на овој остров, тогаш всушност сте на одмор во Велика Британија. За разлика од Бахамите, Барбадос и Јамајка, кои имаат своја независност и свои владетели, Бермуди се дел од Велика Британија, која има целосна контрола на нејзините надворешни и внатрешни врски. Сепак, премиерот на Бермуди, Дејвид Бурт, се залага за независност и слобода и вели дека е неприфатливо некој друг да донесува одлуки за нивните обичаи, институции и начини на живеење.

Англија

Елизабета Втора е често нарекувана кралица на Англија, но ако таа титула е точна, тогаш таа би била монарх без вистинска држава. Англија е земја во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Често се прави грешка помеѓу Англија и Велика Британија (остров кој ги содржи Англија, Шкотска и Велс). Англија е само доминантна и најпопуларна земја од сите.


Фото: Pixabay

Гренланд

Најголемиот остров на светот не е само континент, туку е и дел од територијата на кралството на Данска. Иако имаат свој јазик и се наоѓаат на другата страна на мапата, жителите ја користат данската парична валута.

Северна Ирска

Кога зборуваме за островот Ирска, всушност, зборуваме за целиот остров западно од Велика Британија, но североисточниот дел од островот не е дел од Република Ирска. Општо познат како Северна Ирска, тоа е еден од четирите дела што го оформуваат Обединетото Кралство.

Шкотска

Земјата која е дом на килтовите и гајдите не е независна држава. Иако порано се сметала за независна, Шкотска, исто како и Англија, е дел од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.


Фото: Pixabay

Свети Мартин

Ова е остров на Карибите со француска и холандска страна. Северниот дел е територија на Франција, а јужниот дел му припаѓа на Кралството на Холандија, заедно со карипските острови Аруба и Курасао.

Тајван

Ако нешто е произведено во Тајван, се смета дека е произведено во Кина. Жителите може да патуваат со нивни пасоши, но сепак се провинција на Кина која бара независност.

Приднестровие или Транснистрија

Ако сте на пат од Молдавија до Украина и одлучите да поминете низ овој мал дел, бидете подготвени да застанете на многу интересни места. И покрај многубројните патни контроли, како и нивна парична валута и главен град Тираспол, ова е само покраина, а не држава. Овој регион се одделил од Молдавија во 1990, меѓутоа, се смета како нејзина покраина и денес.

Велс

Велс е дел од четирите члена на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Минатата година, 28% од населението се изјасниле за независност.

Автор: Џереми Хелигар
Извор: rd.com