За најдобрата македонска фудбалерка, вакцинацијата, еднаквоста на жените... Што пишуваваме неделава

За најдобрата македонска фудбалерка, вакцинацијата, еднаквоста на жените... Што пишуваваме неделава

Драгана Марковиќ - виолинистка вљубена во италијанскиот јазик

Да се биде музичар е предизвик сам по себе, бара пожртвуваност и време кое треба да се посвети на виолината. Паралелно ги студирав последните две години на ФМУ и првите две на Филолошки. По започнувањето на студиите по италијански јазик добив поддршка од апсолутно сите професори на Катедратa за италијански јазик и книжевност


Живееме во држава која има 450.000 граѓани што живеат во сиромаштија, каде што правата на работниците, а особено на работничките во текстилната индустрија се прекршуваат постојано. Вистинските промени најверојатно би настапиле доколку се искоренат партискиот и институционален клиентелизам и корупцијата, смета Јана Коцевск

Најдобрата македонска фудбалерка урива предрасуди, сѐ повеќе жени и на зелениот терен

Сонува за место во некој од странските женски клубови и се гордее со тоа што е дел од македонската А-селекција. Паралелно, своето знаење и искуство го пренесува на подмладокот во нејзиниот матичен клуб „Тиверија Струмица“, за што поседува и УЕФА Б-лиценца за тренер на младински категории

Учениците не учат за меѓународен тест зашто не им треба за оценка

Тестирањата како ПИРЛС, ПИСА, ТИМС траат по 3-4 часа. Кога не е за оценка, не се трудат да напишат. Она што недостига е да им се објасни на наставниците и на децата дека тие се нашата репрезентација надвор во однос на квалитетот на образование и дека треба максимално да ги покажат своите знаења, вели Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар

Поради општински процедури, 66 ученици од Конче не можат да одат на училиште

Завршена е постапката за линиски превоз. Но, мора да поминат законски осум дена за жалби, па дури тогаш ќе имаме право да склучуваме договори со превозниците што ќе добијат на тендер. Тоа значи дека децата нема да можат да доаѓаат на училиште до идната недела, вели директорот Гоце Лазаров

Ставот кон вакцинацијата ги отсликува здравствената едукација на населението и здравствениот систем на државата, вели проф. Александра Грозданова

Гледаме дека со зголемување на бројот на вакцинирани се намалува бројот на сериозно болни лица и бројот на смртни случаи е многу мал. На ваков начин болеста добива друг тек, станува како респираторно вирусно заболување, вели Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на Македонија.


Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ има планинарски акции за искачување на врвовите во сите предели, региони и делови на Македонија. Во 5 сезони, од 60 искачени врва беа пробиени и обележани 45 нови планинарски патеки, вели Марио Шаревски, иницијатор и еден од организаторите на предизвикот „12 Врвови“