Четири девојки живеат во зоолошка градина за да се грижат за животните за време на пандемијата

Четири девојки живеат во зоолошка градина за да се грижат за животните за време на пандемијата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Поради негативните вести што ги слушаме последниов период, заборавивме дека може да се случуваат и убави работи. Една прекрасна приказна е поврзана со зоолошка градина во Велика Британија.


Фото: Facebook

Пред неколку дена една зоолошка градина во Корнвол, наречена „Парадајз парк“, објави дека ќе биде затворена за јавноста поради ширењето на коронавирусот. Четири девојки што работат во зоолошката градина, Емили, Сара-Џејн, Изи и Лејла, се понудиле да се преселат во зоолошката градина и да живеат таму три месеци за да можат да се грижат за животните.


Фото: Facebook

Нивните колеги ќе продолжат повремено да доаѓаат, но четирите девојки целосно се преселиле во зоолошката градина.


Фото: Facebook

Извор: art-sheep.com