Нови ограничувања за Велигден: Полициски час од петок од 16 ч. до вторник до 5 наутро
Владата објави нови ограничувања во движењето кои се однесуваат на претстојниот викенд и големиот христијански празник Велигден.
Oд петок (17.04) во 16 часот до вторник (21.04) во 05 часот наутро се забранува движењето за сите граѓани.
Oд четврток (16.04) 16 часот до вторник (21.04) 05 часот наутро се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 21 април, за овие лица има целосна забрана.