Историјата на музичките видеа низ вековите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Музичките видеа го обликуваа начинот на кој ги доживуваме песните, но нивните корења се протегаат многу подалеку од ерата на Ем-ти-ви, која ги популаризира. Од необични рани експерименти до култни моменти како „Bohemian Rhapsody“ од 1975 година, тие се развија во уметничка форма сама за себе. За среќа, јутјуберот Полифоник направи детално истражување и создаде впечатливо видео што ве води низ фасцинантната историја на овој жанр.
Епизодата „Историјата на музичкото видео“ трае три часа и претставува компилација од седумте епизоди од серијалот „Хит рекорд“, објавувани во текот на последните три месеци.
Иако денешните музички видеа се култни, нивната историја започнува уште во 90-тите години. Откако постојат филмот и сниманата музика, уметниците бараат начин да ги спојат. Во деталното видео на Полфоник ќе откриете некои од најраните примери, вклучувајќи го и „The Little Lost Child“ од 1884 година, за кој некои тврдат дека е првото музичко видео.
The „Little Lost Child“ бил создаден со викторијански проектор наречен „магичен фенер“, кој користел осветлени слајдови за да проектира слики, комбинирајќи ги со жива музика за да создаде „илустрирана песна“. Полфоник истакнува дека ова не е вистинско музичко видео бидејќи нема вистинска видеоснимка, но дефинитивно инспирирало нови начини за визуализација на музиката.
Оттогаш, музичките видеа се развиваат заедно со технологијата, овозможувајќи им на креаторите низ вековите да ја визуализираат музиката на најразлични начини.
Погледнете ја фасцинантната епизода „Историјата на музичкото видео“ на Полифоник.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube