Пакистанското село во кое секоја куќа има јутјубер

Пакистанското село во кое секоја куќа има јутјубер

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ова село во Пакистан на прв поглед не се разликува од ниедно друго.

Но, во секоја од 80. куќи има барем по еден јутјубер.

Мештаните велат дека добро заработуваат од тоа, но меѓу јутјуберите нема жени – не им е дозволено да се занимаваат со тоа бидејќи постарите локални жители не го одобруваат од религиозни причини.

Повеќето од јутјуберите во селото имаат повеќе од милион следбеници. Од тоа многу добро заработуваат.

- Она што порано го заработував за една година работа во болница, сега го заработувам за еден ден на „Јутјуб“ - вели еден од успешните рурални јутјубери.

Кратките видеоснимки ги прикажуваат мештаните кои извршуваат одредени мали љубезни гестови или завршуваат верски активности. Некои од нив веќе се вратиле од странство за да работат како креатори на содржини.

-Три години работев во Дубаи. Пријател од Пакистан ме советуваше да почнам да работам на „Јутјуб“ велејќи ми дека нема да се разочарам од заработката. Па така го напуштив Дубаи и се вратив во Пакистан. Снимав за „Јуттуб“ околу шест месеци. Сега имам автомобил и тим кој го предводам.

Мештаните сакаат за нив да се слушне низ целиот свет и се надеваат дека нивната работа на интернет ќе продолжи да цвета.

Извор: bbc.com/serbian

Фото: BBC serbian screenshot