Компанија за крстосување има 200% повеќе резервации за август во споредба со истиот месец лани

Компанија за крстосување има 200% повеќе резервации за август во споредба со истиот месец лани

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога почна пандемијата на коронавирусот, најстрашните приказни доаѓаа од бродовите. Многу луѓе се заразија со вирусот за време на крстосување, а на многу бродови не им беше дозволено да се укотват во пристаништата на одредени земји поради заразени патници. Очекувано, компаниите за крстосување се едни од најпогодените во текот на пандемијата. Но, очигледно за многу луѓе не е страшно да се биде заглавен на брод во време на пандемија.

Претставник на платформата „Круз планерс“ открил за американските медиуми дека резервациите за крстосување на компанијата „Карнивал Крузис“ за август се зголемиле. Од компанијата минатата недела изјавиле дека ќе бидат реализирани одредени крстосувања во август.


Фото: Pixabay

Од објавата резервациите за крстосување на компанијата се зголемиле за 600% во споредба со претходните три дена. Згора на тоа, резервациите за крстосувањата на компанијата за август се зголемени за 200% во споредба со резервациите што биле направени во август 2019.

На што се должи порастот? Претставникот на „Круз планерс“ вели дека резервациите најчесто биле од млади луѓе кои веројатно не се грижеле за можните ризици од патувањето во овој период. Веројатно играла улога и зголемената желба за патување по мерките за изолација. Секако, фактот дека може да резервирате крстосување за цена и од 28 долари за ноќ можеби влијае врз податоците.

Автор: Мајкл Гротос
Извор: fastcompany.com