Прастари коски најдени во бугарска пештера се најстар доказ за модерниот човек во Европа
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Најстарите коски на хомо сапиенс некогаш најдени во Европа се откриени во бугарска пештера, обезбедувајќи го најстариот познат доказ за појавувањето на нашите предци на европскиот континент, покажува ново истражување.
Појавувањето и ширењето на модерните луѓе во Европа е тежок времеплов за реконструирање за истражувачите поради недостиг на доволно стари остатоци кои биле идентификувани во фосилното досие.
Сепак, кога се појавиле модерните луѓе, тоа им пресудило на неандерталците, кои Европа ја нарекувале дом пред нас, па сме почнале да ги заменуваме во текот на следните неколку илјади години.
Сега, хронологијата на оваа мистериозна транзиција за време на почетниот период на доцниот палеолит стана појасна благодарение на откривањето и датирањето на остатоци од хомо сапиенс и други артефакти закопани длабоко во археолошкиот локалитет наречен пештера Бачо Киро во централна Бугарија.
Камени артефакти од Бачо Киро
Фото: Science Alert
Бачо Киро долго време е познат локалитет за кој се знае дека е богат депозит на палеолитски фосили и таму во 20 век имало многу ископувања, а некои од нив од 70-тите години резултирале со фрагментирани човечки остатоци, кои потоа биле изгубени.
Во 2015 година почнале новите ископувања на местото и откриле слој на седимент кој содржи нешто што изгледа дека се најстарите човечки остатоци на нашите предци-мигранти кои некогаш биле откриени во Европа.
- Повеќето коски од плеистоценот се толку фрагментирани, што од око никој не може да каже кој вид животно го претставуваат - вели истражувачот на човечката еволуција Фридо Велкер од институтот „Макс Планк“ за еволутивна антропологија во Германија.
Фото: Science Alert
Всушност, од детектираните човечки остатоци, само за еден заб можело да се утврди дека му припаѓа на модерен човек. Но, со користење техника на масена спектрометрија за наоѓање секвенции на протеин кои се совпаѓаат со хомо сапиенс од стотици неидентификувани фрагменти на коски и заби, истражувачите добиле 5 делчиња кои датираат од доцниот палеолит.
Со користење на комбинација од методи за утврдување на староста на фосилите истражувачите сугерираат дека овие луѓе веројатно ја окупирале пештерата пред околу 45.820 до 43.650 години, иако некои од остатоците можеби датираат и од пред 46.940 години.
Извор и насловна фотографија:
Science Alert