Нова студија тврди дека една од најинтересните карактеристики од серијата „Ѕвездени патеки“ е можна
Секој што некогаш ја гледал популарната серија „Ѕвездени патеки“ знае што е „варп погон“. Сепак, за оние што не знаат, да речеме дека тоа е хипотетички уред кој ги движи вселенските летала со брзина поголема од онаа на светлината.
Сепак, иако во серијата ваквото возење им овозможува на ликовите да поминуваат долги растојанија за неколку секунди и на тој начин да се движат низ познатиот и непознатиот универзум, во реалноста таков погон всушност не постои.
А што ако тоа може да се направи?
Докторот по физика и виш научник по применета физика Џаред Фукс од Универзитетот во Алабама се занимава токму со ова прашање. Во својот труд објавен во списанието „Класична и квантна гравитација“, Фукс тврди дека е возможен „варп погон“.
- Оваа студија ја менува дискусијата за оваа тема. Со демонстрирање на првиот модел од ваков вид, покажавме дека „варп-погоните“ не треба да се сметаат за научна фантастика - рекол Фукс.
Во својата работа Фукс ја проширува идејата за „искривен меур“ што ќе им овозможи на патниците да ги избегнат ефектите на промените во простор-време и гравитационите сили околу нив. За разлика од „варп погонот“ од серијата, кој не ги почитува познатите правила на физиката, „варп меурот“ сè уште работи во границите на познатата физика. Ова, додава Фукс, би овозможило „погон на подлуминално искривување со постојана брзина“. Едноставно кажано, брзината со која некој би се движел во тој „искривен меур“ би се приближила до брзината на светлината, но не би ја надминувала, што би го поништило нашето сегашно разбирање за теоријата на релативност на Ајнштајн.
Фукс и неговите колеги што работеле на овој труд тврдат дека нивниот модел ќе реши уште еден очигледен проблем - потребата од „егзотична (негативна) материја“, за која долго се веруваше дека е неопходна за реализација на таков нагон.
- Иако таквиот дизајн сè уште би барал значително количество енергија, тој покажува дека ефектот на искривување може да се постигне без егзотични форми на материја - додал коавторот и постар научник по применета физика Кристофер Хелмерих.
Но, пред да почнете да ги пакувате куферите за патување на другата страна на универзумот, треба да имате на ум дека ова дело е сè уште целосно теоретско по природа и ќе треба долго време за да ги докаже своите предлози. И ако се покажат како точни, ќе помине многу време пред идејата за меѓуѕвездено патување да стане реалност.
Извор: zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik