Знаци кои покажуваат дека вашето тело е изложено на стрес
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Организмот памти сè што ќе доживее, а еден од неговите најголеми непријатели е стресот, особено хроничниот. Затоа е важно да знаете да ги препознаете симптомите кои предупредуваат дека е време за промена на начинот на живот.
1. Уморни сте без оглед на тоа колку ќе спиете. Спиете редовно и доволно, но дури и после добриот сон се чувствувате уморно и веднаш би се вратиле во кревет.
2. Наутро се будите тешко. Поради изложеноста на долготраен стрес надбубрежната жлезда не излачува доволно од хормонот кортизол кој наутро обично стимулира создавање на енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.
3. Немирни соништа и кошмари. Со должината на сонот прогресивно се зголемува и бројот на позитивни и убави соништа. Но, кога сте нервозни и напнати, почесто се будиме поради што се намалува можноста на сонот со што уморните и оптеретените соништа ги заменуваат позитивните и опуштените соништа.
4. Имате голема желба за солена храна. Хроничниот стрес доведува до дисбаланс во количината на електролити во телото поради што имаме потреба за нешто солено.
5. Ви се врти кога станувате од некаде, лежејќи или седејќи. Ова е директна последица од недостатокот од електролити.
6. Тежок ПМС и нередовен менструален цикулс. Во телото се излачуваат повеќе хормони на стрес што влијае врз балансот на половите хормони. Сето ова резултира со сериозни симптоми на ПМС и неправилен циклус. Болните менструални грчеви почесто се појавуваат кај жените под стрес.
7. Често сте настинати. Хроничниот стрес доведува до опаѓање на имунитетот поради што нашето тело тешко се бори против бактериите и вирусите со кои сме опкружени и губи отпорност кон нив.
8. Не знаете како да се соочите со стресни ситуации. Некогаш сте ги дочекувале подготвени и брзо сте се справувале после соочување со проблемот, а сега едноставно не знаете од каде да почнете и како да го намалите чувството на паника.
9. Не можете да го преживеете денот без кофеин или енергетски пијалак. Обавезно си приготвувате кафе или пиете енергетски пијалак за да се чувствувате помалку уморно.
10. Постојано чувствувате главоболки за време на викендот. Послабите главоболки или интезивните мигрени може да се појават во текот на викендот кога паѓа нивото на стрес и напнатост.
11. Одеднаш ви се појавуваат акни. И воспалената кожа може да биде знак за стресен начин на живот.
12. Кожни болести. Чешање, атопичен дерматитис се болести кои се предизвикани од стресот и емоционалниот товар кој го носи тој.
13. Појава на нови алергии. Хормоните на стресот стимулираат лачење на имуноглобулинот Е, протеин во крвта кој е одговорен за алергиска реакција во организмот.
14. Болки во стомакот. Бидејќи уште не е доволно медицински истражувана врската помеѓу анксиозноста и болките во стомакот, во многу истражувања е докажано дека грчевите во абдоменот поттикнуваат нервоза и останати симптоми на стрес како анксиозност и страв.
15. Нагло дебелеење или слабеење. Не сте направиле некакви промени во вашата исхрана, но наеднаш се дебелите или пак нагло губите тежина. Стресот може да биде предизвикан од хормоналните промени кои влијаат врз вашата тежина. Особено влијае врз тироидната жлезда.
16. Проблеми со подждригнувањето. Најчесто е предизвикана од храната и пијалаците кои ги консумирате но може да биде и резултат на стрес кој прекумерно лачи киселини во желудникот.
17. Често се чувствувате анксиозно. Стресот не влијае само врз вашето физичко здравје туку и врз психичкото. Подолгата изложеност може да предизвика напади на паника со кои најчесто не можете да се справите без помош од експерт.
18. Не можете да се фокусирате. Некогаш сте биле педантни, точни, брзи и ефикасни, но сега не можете да се фокусирате на вашата работа и обврски.
19. Претерувате со вашите пороци. Наместо неколку цигари дневно наеднаш без проблем пушите цела кутија. Поради чувството на притисок во стресни ситуации повеќето бараат „утеха“ во штетниот порок.
20. Заборавеност и губење на остроумноста. Потребно ви е долго да ја разбистрите главата, не можете да ги средите мислите и често заборавате? Сето тоа е последица од
стресот.