Пронајден совршено зачуван полжав во килибар стар 99 милион години

Пронајден совршено зачуван полжав во килибар стар 99 милион години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Палеонтолозите пронашле совршено зачуван полжав со недопрена школка. Во истиот килибар била пронајдена уште еден прилично добро сочуван полжав.

Залепен во 99 милиони години стар килибар од Мјанмар, полжавите потекнуваат од периодот Креда, кога некои од најпознатите диносауруси како Т.Рекс, велосираптор и трисератоп живееле на Земјата.

Нивната морфологија покажува дека се предци на семејството „Cyclophoridae“ на копнени полжави. Ова не само што ги прави најстарите полжави пронајдени во килибар, туку и ги прави најстарите од нивното семејство пронајдени во Азија.

polzav
Фото: Xing et al., Cretaceous Research, 2018


Како што веројатно знаете, полжавите се извонредно кревки. Нивните тела се меки, а нивните егзоскелети, познати како школки, се лесно кршливи.

Овие полжави, зачувани во килибарот се 70 милиони години постари од било кој друг полжав со меко ткиво што идентификувано досега и е доста извонредно.

-Древната смола од дрво има исклучителен потенцијал за зачувување, заробувајќи ги најдобрите детали за фосилните организми милиони години стари во совршен 3D простор - толку, што изгледаат како да биле заробени вчера - вели палеонтологот Џефри Стилвел од Универзитетот Монаш во Австралија.

полжав
Фото: Xing et al., Cretaceous Research, 2018

Интересно е тоа што полжавот веројатно бил жив кога бил затворен во килибарот, неговото тело се истегнало и искривило, со воздушно меурче околу главата.

-Меките делови од полжавот се многу истегнати и ова може да претставува последен обид за бегство, без успех - пишуваат историчарите во нивниот труд.

Најверојатниот тек на настаните, како што претпоставуваат научниците, е дека малиот полжав ползел кога го зафатила смолата. Се истегнал во обид да избега, и тогаш смолата започнала да тече околу неговото тело. Фактот за постоењето на полжавот е додаток на неверојатните наоди направени во последниве години, откривајќи невиден степен на детали за регионот за време на Креда.

Полжавот во килибар сега е во збирката на Дексу Институтот за палеонтологија во Кина.