Пешачки премин во Лондон претворен во уметничко дело

Пешачки премин во Лондон претворен во уметничко дело

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Француската уметница Камил Валала се обидува да шири радост преку бојата и дезенот во нејзините уметнички проекти. Нејзината работа опфаќа од уметничка насока до внатрешен дизајн, граѓанска уметност и инсталации.

Неодамна таа се насочи кон уличната уметност и ја претстави својата најнова креација: живописен мурал што го претвора фреквентниот пешачки премин во Лондон во жива и разиграна патека за пешаци.

1

Под наслов „Близнаците“, оваа инсталација е дел од програмата на „Вајт сити плејс“ чија цел е да ја обнови областа на Западен Лондон. Се одликува со смела мешавина од геометриски форми, обрасци, бои и поучен текст што ги опфаќа пешачките премини на Саут Африка и Вуд Лејн, кои водат до подземната станица. Други мурали се насликани на фасадата на блиската зграда „Вестворкс“.

2

3

- Ова беше навистина возбудлив проект бидејќи морав да ја истражувам областа повеќе отколку претходно и да донесам шарени и радосни обрасци во овој дел од Лондон. Ми се допаѓа кога моите проекти почнуваат со овој елемент на љубопитност. Бев инспирирана од богатите архитектонски детали и почнав да работам во мојата книга со скици, правејќи цртежи и колажи што прераснаа во инсталација од поголем обем - вели таа.

4

- Дизајните на Камил се возбудлив додаток на културната понуда на областа Вајт Сити во Западен Лондон. Ова уметничко дело е главна карактеристика во нашата поширока уметничка програма и гарантира дека областа ќе остави свој белег како една од новите културни области во Лондон - вели Дејвид Камп, извршен директор на компанијата „Стенхоуп“, која го нарача муралот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram | Camillewalala.com