Со овие суптилни знаци кучињата ви покажуваат дека не се задоволни

Со овие суптилни знаци кучињата ви покажуваат дека не се задоволни

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Секој човек се надева дека неговото куче е среќно и задоволно и дека ја покажува својата љубов на различни начини. Сепак, не е невообичаено луѓето погрешно да ги читаат знаците на нивните миленици.

Тренер на кучиња истакнува дека кучињата сигнализираат непријатност, дури и под околности што многумина погрешно ги толкуваат како премолчено одобрување.

Јазикот на телото на кучињата

Германскиот овчар Рипли служел како пример за да демонстрира типична интеракција која може да изгледа безопасна. Тренерот ја демонстрира ситуацијата така што седнува до Рипли и го прегрнува, по што следуваше клукање по главата.

- Дали говорот на телото на вашето куче изгледа вака при интеракциите? Ако е така, престанете - вели таа.

Првиот знак е кога дресерот се наведнува кон кучето, Рипли ја погледнува својата сопственичка и веднаш го врти погледот.

 
- Откако ја бакнав во носот, таа се проѕеваше, по што веднаш следуваше многу лижење на усните - објаснува тренерот.

Додека се обидувала да ја погали, Рипли го свртела вниманието кон сопственичката и почнала да ѝ го лиже лицето.

- Повеќето луѓе мислат дека ова е куче кое се бакнува, но не се работи за тоа. Лижењата се бавни и Рипли учтиво дава знак да престанам да ја бакнувам и да излезам од нејзиниот простор - вели тренерот.

Поради потребата да ја едуцира придружничката, тренерот повторно се обидува да го погали својот миленик, а Рипли ги враќа ушите наназад и станува за да се оддалечи од својот сопственик.

- Нејзиното станување и заминување е моментот кога повеќето луѓе би помислиле дека кучето не е среќно, кога ќе го погледнат говорот на телото и сигналите што миленикот ги дал - рекла таа.


Извор: net.hr

Фото: Freepik