Водич за тоа како да ги активирате четирите неврохемикалии за среќа

Водич за тоа како да ги активирате четирите неврохемикалии за среќа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Веб-страницата „Сумбу“ објави водич за „среќни неврохемикалии“ и начини како да ги активирате.

Ако ви е потребно повторно „полнење“ на допамин, окситоцин, ендорфин и серотонин - или немате идеја што значат овие зборови и сакате да откриете за што станува збор, погледнете ги сликите во продолжение.

1

2

3

4

Така, за активирање на серотонинот (стабилизатор на расположение), треба да вежбате и да бидете активни, да бидете изложени на сонце, да практикувате медитација и да поминувате време во природата.

За активирање на допаминот (неврохемикалија за награда), треба да издвоите време за грижа за себе, треба да завршите одредена задача, да прославувате мали победи и да јадете добар оброк.

За активирање на окситоцинот (љубовниот хормон), треба да играте со куче, да играте со бебе, да се држите за раце, да ги прегрнете членовите на вашето семејство и да дадете комплимент.

За активирање на ендорфинот (убиецот на болката), треба да вежбате смеење, да користите есенцијални масла, да гледате комедија, да јадете темно чоколадо и да вежбате.

hemikalii

- Не е нешто што се случува во еден ден, месец, па дури и година. Сакаме да ги потсетиме луѓето дека треба да практикуваат здрави навики во нивните животи и да се држат до нив - вели Риз Ромаули, основачот на веб-страницата „Сумбу“, која е платформа за животниот стил и одржливоста, оптимизмот, позитивноста и совесноста.


Извор: Bored Panda
Фото: Sumbu.official/Instagram