Каде има најбрз, а каде најбавен интернет во Европа?

Каде има најбрз, а каде најбавен интернет во Европа?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Европејците поминуваат повеќе од шест часа дневно на интернет. Но, колку време се губи на „чекање“ за врска?

Веб-страницата „Бизнис комперисон“ направи анализа на просечната брзина на вчитување на веб-страниците на компјутер и на телефон во секоја европска земја. Во анализата не се вклучени податоци за Македонија. Нордиските земји доминираат на рангирањето.

Шведска е на врвот

Шведска е на прво место со брзина на вчитување веб-страници на компјутер од 3,74 секунди, по што следува Финска (3,84), првата земја во светот која го прогласи пристапот до интернет за законско право во 2010 година. На трето место се Данска и Летонија, и двете со просечна брзина од 4 секунди. Следна е Литванија (4,14), а по неа е Швајцарија (4,23).


На дното на рангирањето, времето на вчитување е речиси двојно поголемо во Турција (10,22), која ја доби најлошата оцена поради нејзината зависност од бакарни кабли стари 30 години, се вели во извештајот. Бугарија (9,38), Романија (8,59), Кипар (7,18) и Полска (6,09) ја комплетираат последната петорка.


Фото: Business comparison

Кога станува збор за брзината на вчитување на мобилните уреди, Шведска е повторно најдобра со просечна брзина од 7,48 секунди, а Турција најлоша со 13,19 секунди.


Извор: Mreza
Насловна фотографија: Pixabay