Често ми вели дека не требаше да ја родам, се плашам зашто во фамилијата имаме депресија. Како да постапам?
Моето дете има 6 и пол години и последнава година можам да кажам дека изгуби интерес буквално за сѐ (одеше во едукативен центар, на лего-коцки, модерен танц) и сега веќе ништо не ја интересира, дури ни капење. Вчера имаше нешто како паничен напад, почна да плаче и ми рече: „Не требаше да ме родиш, зошто ме роди?“ и тоа го повтори многу пати. Пробав да разговарам со неа и не ми кажува точна причина, само вели „нејќам ништо, нејќам на училиште да одам“ и плаче. Сигурно ќе ја носам на психолог само многу сум исплашена затоа сто во фамилијата имаме историја со депресија, поточно свекрвата и можам да кажам до некој степен и мажот ми има анксиозност и хипохондрија, не знам дали може да биде наследно оти сепак детето има само 6 години. Плус тоа има помала сестра и за неа ми вели „не требаше да ја родиш (многу се караат и тепаат). Моето прашање е како да постапам наредно затоа што многу сум исплашена, а многу се трудам да бидат среќни.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк