Лебдечки мост за велосипедисти во Белгија совршено се вклопува во уникатниот пејзаж
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во 20 век границата помеѓу Дилсен-Стокем и Масмехелен во Белгија радикално се трансформирала. Областа издржала години на ископување јаглен и чакал во нејзиното подземје, што создало планини од отпадни материјали и големо езерце меѓу нив.
Сега, белгиската архитектонска фирма „Буроландшап“ создаде паметно решение за премостување на јазот меѓу овие планини.
Инспириран од „златниот пресек“ на Фибоначи, мостот наречен „Сајклинг битвин терилс“ добива елегантна, органска форма, поврзувајќи ги бреговите. Оваа кривулеста структура ги охрабрува велосипедистите и пешаците бавно да го минуваат мостот, а притоа да уживаат во неверојатната природа.
Мостот е долг 400 метри, што го прави најдолгиот лебдечки велосипедски мост во Белгија. Исто така, може да се пофали со 30 елементи со шарки, кои му овозможуваат да се приспособи на променливото ниво на водата во езерцето.
- Кога пешачите или возите велосипед по мостот, вие сте вовлечени во сето тоа искуство, а ќе ве изненади врската помеѓу човекот и природата што се создава таму - велат од „Бурландшап“.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Pieter Rabijns | Visit Limburg | BuroLandschap | Terhills