Македонски Телеком вработува агент во контакт центар (Скопје)
Македонски Телеком има потреба од млади и талентирани лица кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место Агент во контакт центар.
• Имаш желба и способност за брзо учење и стекнување со нови знаења?
• Имаш искуство во телефонска, е-маил или комуникација преку социјални медиуми со корисници?
• Сакаш да решаваш кориснички проблеми и имаш искуство во техничка поддршка на корисници (препознавање и дијагностика)?
• Имаш интерес за дигитални технологии?
Ако твојот одговор е ДА, пријави се на отворениот оглас за Агент во контакт центар во Македонски Телеком АД кој е водечки национален телекомуникациски оператор и дел од Групацијата Дојче Телеком.
Потребни квалификации
• 1 година соодветно работно искуство ќе се смета за предност
• Добро познавање на англиски јазик
• Познавање на MS Office
• Претходно работно искуство во контакт центар за техничка поддршка на корисници ќе се смета за предност
Што очекуваме:
• Ориентираност кон клиенти
• Основни комуникациски и продажни вештини
• Способности за справување со стресни и конфликтни ситуации
Што нудиме:
• Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
• Компетитивна плата и бонус утврден согласно интерните акти на компанијата
• Можност за континуирано професионално усовршување и развој
• Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
• Приватно здравствено осигурување
• Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
• Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
• Работа во смени
Како да аплицирате:
Aплицирајте електронски со кликнување на копчето
Пријави се или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Агент во контакт центар.
Огласот ќе биде објавен на ден 13.01.2025 година и ќе трае до 20.01.2025 година.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени предвид.