Тестирајте ја вашата личност со оваа оптичка илузија: Дали сте логичар или интуитивна личност?

Тестирајте ја вашата личност со оваа оптичка илузија: Дали сте логичар или интуитивна личност?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Како што посочува самото име, тестовите со оптичка илузија вклучуваат слики со чуден изглед со еден или повеќе елементи што ги „лажат“ очите. Овие слики се базираат на психологија и оттука, врз основа на она што прво го забележува човекот, може да се каже многу за неговите помалку познати особини.

Овој тест тврди дека открива дали личноста е премногу практична или емотивна во животот. Сликата има два главни елемента: машко и женско лице и половина изедено јаболко. Човек може да забележи само една од двете работи на прв поглед. И во зависност од тоа што прво забележал, може многу да се открие за неговите особини.

1. Ако прво го забележавте полуизеденото јаболко


Тогаш тоа значи дека имате логичен начин на размислување и гледање на светот. Претпочитате расудување и аналитичко размислување наместо донесување импулсивни одлуки во животот. Честопати на проблемите им приоѓате со разбирање и расчленување на секој можен агол пред да се одлучите за некакво решение. Исто така, вашиот логичен ум ве спречува да ве поколебаат емоциите, а тоа ви помага да донесувате здрави и мудри одлуки во животот што ви помагаат да бидете успешни.

2. Ако прво видовте силуета од маж и жена


Тоа значи дека сте креативни, емотивни и интуитивни и тоа може да се види во сите аспекти од вашиот живот, без оглед дали во начинот на кој се справувате со луѓето или донесувате одлуки. Вашата чувствителна природа ви помага да ги изберете суптилните знаци на другите луѓе. Ова ви помага да се движите во меѓучовечките односи подобро од другите. Од друга страна, кога работата е во прашање, вашата креативна природа помага да размислувате пошироко и да дојдете до нови решенија за проблемите. И вашата емпатична природа ви помага да се поврзете со другите, иако понекогаш се чувствувате погрешно сфатени.

Извор: Timesofindia.com
Фото: The minds journal